Научниците велат дека јадењето на оваа намирница го продолжува животот

Грицкањето ореви наместо бисквити или чипс може да ви го продолжи животот, сугерира истражувањето. Имено, само половина шака од овие вкусни јаткасти плодови на ден значително ќе го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, како и други опасни по живот состојби.

Експертите од Универзитетот во Минесота дошле до заклучок дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови тежат помалку и се послаби, па затоа имаат и помал крвен притисок. Дополнително, немаат таков ризик од блокирање на крвните садови, што доведува до срцев удар, а токму инфарктот е една од најчестите причини за смрт во светот.

Консумацијата на ореви е најважна во младоста

„Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои јадат ореви имаат уникатен физички фенотип кој со себе носи и други позитивни ефекти врз здравјето, како што е подобар квалитет на исхрана, а со тоа и поздрав начин на живот“, вели професорката и авторка на споменатото истражување Лин Стефен.

„Резултатите ги вклучуваат и оние кои јаделе јаткасти плодови од младоста па се до средна возраст, бидејќи токму во тие години се создаваат првите основи за појава на ризик од хронични болести како што се срцевите заболувања, дебелината и дијабетесот“, додава Стефен.

Три илјади луѓе учествувале во истражувањето, кое авторите на студијата го следеле 30. години, од нивната младост до 50-тите години. Во тој период се покажало дека оние кои секојдневно консумираат јаткасти плодови имаат помал ризик од зголемување на телесната тежина, висок холестерол, висок крвен притисок и срцев или мозочен удар. Сето ова покажува дека вреди да се јаде половина шака ореви дневно и дека тоа може да ви го спаси животот.

Сите придобивки од оревите

Оревите се богати со влакна, протеини, калциум и здрави растителни масти, вклучувајќи полинезаситени масти и омега масни киселини, кои се борат против таканаречениот лош холестерол. Тие исто така помагаат да се намали воспалението во телото, што често може да доведе до блокирање на крвните садови, што предизвикува срцев или мозочен удар.

Коментари

Популарно