(Видео) Карлеуша откри во каков однос е со Душко и проговори за забраната која не смее да ја прекрши

Јелена Карлеуша вчера за прв пат откри за медиумите зошто се плаши од Душко Тошиќ и каква забрана добила од објавата за развод.

Пејачката Јелена Карлеуша вчера одржа медиумска конференција за новогодишната ноќ во Белград. Јелена одговараше на многу новинарски прашања, а откри и пикантни детали за врската со Душко Тошиќ.

Познато е дека го оставила приватниот живот настрана што се однесува до медиумите и дека по инцидентот што се случи на Божиќ, не кажала ништо негативно за нејзиниот сопруг.

Како што изјавила, со Душка е во добри односи и семејството е уште заедно, но поради забраната што ја барал, таа не смее да каже ништо.

– Не знам зошто сите ги интересира мојот однос со Душко. Семејството е заедно, тој генерално мисли дека не треба да зборувам за него во медиумите и само се плашам од неговиот адвокат сега. Последен пат кога го направив тоа, веднаш ми се јави неговиот адвокат и ми се закани – изјавила Јелена.

Што уште изјави Карлеуша за Информер.рс погледнете во видеото 

Коментари

Популарно