Видео: Најлудата мундијалска приказна на двајца навивачи – влеговме во џип и започна ноќта за паметење

Иако Катар забрани продажба на алкохол на Мундијалот, снаодливите навивачи на репрезентацијата на Англија успеале добро да се напијат.

Англиските фанови биле очајни кога Катар непосредно пред почетокот на Светското првенство одлучил да забрани продажба на алкохол.

На двајца англиски навивачи не им се допаднал фактот што трезни мора да ги следат натпреварите на националниот тим, па тргнале во сериозна потрага по пиво. Тие оделе по катарските улици за да дојдат до алкохол и нивната мисија била успешна.

Во потрагата им помогнале некои локални жители.

„Баравме пиво и тие ни кажаа дека ќе го средат тоа. Влеговме во џип и завршивме во голема вила“, открила Алекс, па додал:

„Ни ги покажа мајмуните, егзотичните птици... Беше навистина лудо“.

Палатата наводно му припаѓала на синот на еден од шеиците.

„Го запознавме синот на некој шеик. Нè одведе во својата палата и ни покажа лавови и сè останато. Прекрасно нè дочекаа. Погледнете околу себе, не може подобро од ова“, истакнал пријателот на Алекс, Џон.

Алекс подоцна се огласил и на Твитер и не крие дека е воодушевен од начинот на којшто навивачите биле дочекани во Катар.

„Не слушајте ги тие глупави медиуми кои константно кажуваат глупости за оваа нација. „Никнаа“ од пустина и прават некои луди работи. Зарем Велика Британија и САД не се најголемите прекршители на човековите права? Арапите топло нè дочеаа. Секоја почит“, напишал Алекс.

Коментари

Популарно