Студија: Една чаша дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања

Една нова студија покажала дека пиењето чаша млеко секој ден може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Според најновите податоци од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), срцевите заболувања се водечка причина за смрт во САД, а најголемиот проблем е фактот што не е секогаш лесно да се открие дали вашето срце е изложено на ризик.

Затоа треба да направите се што можете за да спречите развој на срцеви заболувања, а најлесно е да промените одредени животни навики кои можат да го загрозат здравјето на вашето срце, пренесува Best Life.

Новото истражување на оваа тема открило дека пиењето чаша млеко секој ден може значително да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања.

Студијата објавена во „International Journal of Obesity“ покажа дека консумирањето млеко на дневна основа може да биде многу добро за здравјето на срцето.

Студијата опфатила над два милиони испитаници од САД и Велика Британија, а истражувачите откриле дека оние кои пиеле барем една чаша млеко дневно имале 14 отсто помал ризик од развој на коронарна срцева болест отколку оние кои не пиеле млеко.

Редовното консумирање барем една чаша млеко дневно нема да ви го зголеми холестеролот, а според заклучокот на клиниката Мајо, високиот холестерол може да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања. Иако претходно се мислеше дека млекото има значителен процент на млечен холестерол, па затоа не треба да го пиеме често, новото истражување покажа дека луѓето кои редовно пијат млеко имаат низок добар, но и низок лош холестерол.

Коментари

Популарно