Ако во текот на денот почувствувате пад на енергијата, еве што да направите

Ако во текот на денот почувствувате пад на енергијата доволно е да земете лажица мед. Медот е природен шеќер кој обезбедува калории богати со минерали, особено со железо и цинк.

Медот е богат со јаглени хидрати, а најмногу со прости шеќери како глукозата и фруктозата кои претставуваат енергетски материјал.

Медот содржи витамини од групата Б комплекс, витамин Ц, натриум, калциум, фосфор и магнезиум. Го доведува организмот во рамнотежа, претставува енергетско закрепнувачко средство и во исто време влијае на нервниот систем и крвотокот. Затоа треба да го консумирате во случај на физичка и психичка исцрпеност, велат нутриционистите

Клучна состојка на медот се простите шеќери (моносахариди), моќен извор на енергија кои крвта ги апсорбира во изворен облик.

Во случај на хроничен замор и за време на закрепнување на долги болести, се препорачува да земате четири кафени лажици мед дневно, се додека не се чувствувате подобро. За полесни состојби на замор земајте по една кафена лажица наутро и една навечер – советуваат нутриционистите.

Утрински напиток од мед

За деца

Децата секое утро пред да заминат на училиште треба да испијат шолја млеко со две кафени лажици мед.

За возрасни

Сок од еден портокал, сок од половина лимон и една лажица мед да се разматат во два децилитри вода и наутро пред појадокот и кафето да се испие овој напиток. Повозрасните лица и оние кои имаат зголемен холестерол можат да додадат и една лажица јаболков оцет.

Коментари

Популарно