ВИДЕО: Како звучи „Македонско девојче“ кога пее Карлеуша

Пејачката Јелена Карлеуша често е мета на критики поради своите вокални способности… За нејзиниот сценски изглед не може да се коментира многу, бидејќи таа е една од пејачките која навистина ги следи сите нови трендови и која изгледа како познатите светски ѕвезди. Но, затоа често е мета на критики поради своите способности.

Заради тоа, Јелена секогаш кога има можност, пее во живо и се труди на сите да им покаже и докаже дека сепак е и вокално добра пејачка. Така, во една прилика, поточно за време на едно гостување во Македонија, во емисијата на Тијана Дапчевиќ, српската дива, како што и самата се нарекува, ја отпеа една од најпознатите македонски народни песни. Станува збор за песната „Македонско девојче“, која Карлеуша ја изведе и повеќе од одлично.

Како звучи оваа мекедонска народна песна во акапела верзија, слушнете во продолжение:

Коментари

Популарно