Дневен хороскоп

ОВЕН

Некои фамилијарни обврски не сте ги исполниле на време, па дојде моментот кога веќе нема одложувања. Наместо да се лутите на себе што сте дозволиле, мислете на работа веднаш, а анализа на ситуацијата оставете ја за некој друг, поволен ден.

БИК

Се борите помеѓу тоа да им бидете на сите по волја и потреба рачно да реагирате на критиките кои сигурно би сакале да ги упатите на другите. Резултатот од се може да биде губење на енергија и пад на имунитетот, па и акутна болест. Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Можност да паднете во караница со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите и не превземете конкретни чекори, па макар и непријатни за вас. Немојта да заборавите дека тие не ви се непријатели.

РАК

Одлични сте околу тоа да не се меѓате во туѓите работи. Сепак, некој ви се поверува, а не сте сигурни дали тоа треба да ве импресионира, или тие информации ќе ви направат проблеми. Ако не се откажете на време, работите може да излезат од контрола.

ЛАВ

Доколки имате некои недифинирани односи кои не сте ги расчистиле, овој ден нуди решение. Откако ќе ги прераспределите задолженијата, ви следува пријатно изненадување, затоа што ви доаѓа неочекуван поттик од страна на личност која ви е симпатична.

ДЕВИЦА

Пред вас се состаноци и разговори од кои очекувате можеби премногу. Отворено спротивставување на личностите кои се по хиерархија над вас, може дополнително да ви ги искомплицира веќе затегнатите односи кои не сте во состојба сами да ги разрешите.

ВАГА

Не се затрупувајте со обврски, туку денот минете го со минимални работни активности. Наскоро ве очекува финансиски прили кој во целост ќе ги смени околностите во кои делувате, а со тоа и да ви ја олесни напнатоста која ве мачи.

СКОРПИЈА

Се враќате во ритам на кој сте навикнале. Некои стари работи повторно се активираат, а вие сте збунети од расплетот, а после долго чекање загубивте надеж. Сега кога реализацијата е извесна, вие веќе не сте сигурни дали тоа го сакате.

СТРЕЛЕЦ

Пад на енергија и промена на расположението. Тоа е она што ве мачи денеска. Непријатната атмосфера ја сфаќате премногу лично, имате впечаток дека сите се против вас. Пробајте да ги согледате работите на реален начин, можеби вашите очекувања се преценети.

ЈАРЕЦ

Денот ви носи прилика да ја поправите ситуацијата на работа. Меѓутоа тоа ќе донесе само привремено олеснување, затоа што многу работа е пред вас. Употребете ја својата упорност, и сфатите како вложување во време кое треба да дојде.

ВОДОЛИЈА

Случувањето на денот може да ви биде конструктивна расправа во која ве вовлекуваат соработниците за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Паралелно со тоа стигнува поддржа и од саканата личност, па на вашиот оптимизам и на доброто расположение нема крај.

РИБА

Ве мачи проблематичниот однос со саканата личност. Почнувате да размислувате за раскинување, но не сте сигурни дали тоа би било трајно или моментално решение. Сериозен разговор би ја решил ситуацијата, но само ако искрено си кажете се.

Коментари

Популарно