Сируп од портокал за сува кашлица – едноставен, а ефикасен

Ако имате проблеми со сувата кашлица направете сируп од портокал кој ќе ги ублажи тешкотиите.

Рецептот за сирупот од портокал е многу едноставен, а добро ќе ви дојде доколку ве измачува сувата кашлица.

Состојки:

– 1 портокал

– 2 лажици шеќер

– 1 дл вода

Подготовка:

Портокалот измијте го добро, па заедно со кората исецкајте го на ситни парчиња. Ставете го во соодветен сад, додадете две лажици шеќер и прелијте го со водата. Варете го додека не се згусне (околу половина час).

Употреба: Од сирупот консумирајте по една лажица секој пат кога ќе ве „нападне“ сувата кашлица.

Коментари

Популарно