Не сум видела до сега политичар да се расплаче, ајде да пробам – изјави Снеже и му даде на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски да сецка кромид.
Ова беше предизвикот со кој се соочија гостите во новата епизода на „Нешто конкретно“ каде тема беа грешките. А токму портпаролот се чини беше човекот околу кој се вртеа сите муабети бидејки според темата на разговорот најкруцијални грешки прават токму политичарите.
Димче призна дека партијата учи и од сопствените ама и од грешките на политичките опоненти, а на констатацијата од Снеже дека не видела политичар до сега да се извини Димче ја демантираше. Јас се извинив - ама заради тоа што излегов на прес со непеглана кошула.
Емисијата продолжи во забвана конотација, а кулминацијата дојде токму со сецкањето кромид.
Идејата на водителката беше да си ги заменат улогите шефот Марк Де Јонг кој исто беше дел од емисијата и портпаролот Димче. Прекорот стигна брзо бидејќи Димче дебело го излупи кромидот ама после засецка на ситно. А на прашањето до кога да сечкам Снеже му одговори додека не се расплачеш!
На крај Марк и Димче се договорија ако Димче престане да се занимава со политика ќе отворат заедно ресторан и ќе се вика „За нашите и Вашите“
Погледнете ја целата епизода и уживајте