ВИДЕО: Јанко Илковски сликовито објаснува како се понижувал за девојки

Оваа недела во „Нешто конкретно“ ви најавуваме многу смеење и изјави од нашите гости кои долго ќе се паметат.

На наше големо задоволство драгите гости одлично се вклопија како соговорници на тема - Стара школа контра нова фраерска школа. Фраери полно студио, кој од поуспешен во својата професија, а кога младите седнаа да ги споделат и споредат искуствата со поискусниот фраер, тогаш сфативме дека го имаме рецептот за уште едно одлично и поинакво машко издание.

На прашањата поставени од Снеже Велков, Јанко одговори со бојкот, па почна сам да си ја води емисијата на негов начин, додека останатите соговорници Стефан, Таско и Бојан зајдоа од смеење.

Ги чепнавме фраерите и онаму каде што најмногу боли па ги прашавме кој од нив добил повеќе од три корпи, епа погледнете кој од нив не добил ама баш ниту една [🙂] .

Ги вративме во детството и првата љубов па амбициозно одговорија со имиња од Ребека до Анџелина Џоли.

Јанко ќе ве научи како се купува фри секс за наредни 10 години во брак.

Погледнете ја емисијата:

Коментари

Популарно