Дуа Липа прв пат се појави во јавност со новиот партнер, поранешниот на Рита Ора

Дуа Липа прв пат се појави во јавност со новиот партнер,тие разменија нежности на црвениот тепих на проекцијата на филмот Omar La Fraise (Кралот на Алжир).

Дуа Липа воодушеви во елегантен фустан од Селин од француската дизајнерка Хеди Слиман со неколку шлицови на предната страна, вкрстени прерамки на грбот и висок шлиц на ногата. Црната коса ја намести во елегантна пунџа додека шишките ѝ паѓаа на лицето, а избра свечена шминка со нежна боја на кармин. Изгледот го комплетираше со пар висечки обетки.

Ромен се појави во класичен црн костум и сето свое внимание го посвети на девојката. Тие се држеа за раце кога пристигнаа на премиерата, а за време на фотографирањето Ромен нежно ја стави раката на половината на својата партнерка.

“Дуа и Ромен се во врска неколку месеци надвор од очите на јавноста. Тие уживаат во времето заедно. Се запознале во тесни кругови за време на празничната сезона и имаат многу заеднички работи. Дуа разбира колку е важно да се најде партнер кој ја разбира нејзината работа. Чувствува дека Ромен целосно ја разбира. Двајцата се навистина креативни луѓе“, изјавил извор близок на парот за The Sun во март.

Пред ова дебитантско појавување во јавноста, двојката била забележана како ја напушта забавата на наградите БАФТА во Лондон.

Коментари

Популарно