Еве кои се симптомите на оваа честа и упорна болест-целијакија

Од целијакија боледува околу 1 отсто од општата популација. Меѓутоа, поради често неспецифичните и понекогаш отсутни симптоми, многу пациенти не знаат дека боледуваат од целијакија, дури 90 отсто од нив, велат проценките.

Што е целијакија?

Целијакија е сериозна автоимуна болест која се јавува кај генетски предиспонирани луѓе, кога внесувањето на глутен доведува до оштетувања во тенкото црево. Се проценува дека погодува 1 од 100 луѓе ширум светот, но само околу 10 отсто се правилно дијагностицирани.

Кога луѓето со целијакија јадат глутен (протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржот и јачменот), нивното тело започнува имунолошки одговор кој го напаѓа тенкото црево. Овие напади доведуваат до оштетувања на ресичките кои го обложуваат тенкото црево и кои поттикнуваат апсорпција на хранливите материи. Кога ресичките ќе се оштетат, хранливите материи не успеваат правилно да се апсорбираат во телото.

Целијакијата е наследна болест, што значи дека се јавува во семејствата. Луѓето со родина од прв степен кој боледува од целијакија (родител, дете, брат и сестра) имаат 1 од 10 ризик да развијат целијачна болест.

Болеста може да се развие во било која возраст откако луѓето ќе започнат да консумираат глутен. Ако не се лекува, целијакијата може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Покрај симптомите кои вклучуваат дијареја, губење на тежината, хронична болка во стомакот, грчеви и надуеност, како и хронична констипација и абнормално ниво на ензимите во црниот дроб, целијакијата може да предизвика и анемија, раздразливост, артритис и хроничен умор.

Коментари

Популарно