ВИДЕО: Најскапата куќи на светот ја поседува Украинец

Најскапата куќа на светот се наоѓа во Франција и ја поседува Украинец.

Таа беше ставена на продажба уште од 2017 година, а во 2019 Ринат Ахметов, милијардер од Украина, ја купил за 220 милиони евра. Во меѓувреме вредноста пораснала.

Вилата „Les Cèdres“ на француската ривиера е една од најскапите куќи на светот. За цената на оваа 190 години стара вила можете да купите 10.000 килограми злато, 100 најскапи јахти во светот и 50 најскапи автомобили на светот.

Куќата е со површина од 1.700 квадратни метри и има 14 спални соби, базен со олимписка големина, библиотека со дрвена облога која содржи 3.000 книги за флората и натурализмот (вклучувајќи го и изданието на ботаничкиот кодекс од 1640 година), вештачко езерце со амазонски кринови, бронзена статуа на Атина, сала за бал осветлена со лустери, големи дневни соби, портрети од 19 век во раскошни рамки и неверојатни дрвени изработки.

Вилата е изградена за кралот на Белгија уште во  1830 година. Нејзината светло-жолтеникава боја како песок, зборува за династијата – затоа што ваквите нијанси се користеле за вилите на кралското семејство од Сардинија кое владеело во тоа време. На имотот на вилата има маслинови дрва постари и од 300 години.

Коментари

Популарно