Теа Таировиќ откри дека од првиот хонорар можела да купи сендвич и мастики

Младата фолк-ѕвезда Теа Таировиќ моментално е една од најплатените пејачки на овие простори.

Нејзината популарност пред две години „експлоадираше“, а со тоа и цената за нејзините настапи.

Таа пред извесно време се присети колку изнесувал нејзиниот прв хонорар и што можела да купи од него.

„Мојата прва заработка беше толку голема за да можам да купам сендвич, кафе и мастики“ – рекла пејачката.

Инаку сега нејзината цена за настап изнесува од 12.000 евра, па нагоре…

Коментари

Популарно