Овие 7 зачини се одлични за слабеење

Знаеме колку е важна правилната и разновидна исхрана за нашето здравје, а освен класичните намирници кои ги консумираме, голема улога во се имаат и зачините.

Покрај тоа што се користат како „засилувачи на вкусот“, тие имаат и многу придобивки доколку редовно ги консумираме, објаснуваат диететичарите. Исто така, многу од нив придонесуваат за забрзување на метаболизмот и топењето на мастите, а со тоа и за ослободување од вишокот килограми.

Постојат неколку зачини кои може да се користат речиси секој ден, а одлични се токму за слабеење. Тоа се црн пипер, кајен пипер, буковец, цимет, лук, ѓумбир и ким.

Како што објаснуваат диететичарите, овие зачини содржат состојки кои го поттикнуваат согорувањето на калориите, што придонесува и за слабеење.

Коментари

Популарно