Леонардо ди Каприо e во врска со 23 години помлада манекенка

Леонардо Дикаприо има нова дама во својот живот, а во прашање е манекенката Виторија Черети, пишуваат странските медиуми.

Парот бил забележан на неколку средби во САД, но и во странство во последните месеци, а тоа предизвика шпекулации за тоа дали тие се во летна шема, а сега е потврдено дека се заедно, пренесува „PageSix“.

Дикаприо и Черети првпат беа видени во јавност кога заедно беа излезени во Ибица на 9 август.

Инаку велат дека актерот е забележан како ја поддржува Черети во странство, односно додека оваа недела шетала на модните писти во Милано.

Манекенката предходно била мажена за њујоршкиот диџеје Матео Милер.

Коментари

Популарно