Пејачката Тања Савиќ веќе некое време ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Бешиќ. Пејачката и пилотот се вериле, а сега, судејќи по видеото кое се појави на социјалните мрежи, закажале и свадба, пишува српски „Курир“.

– Тања, многу ти е убав прстенот – и вели пријателот додека ја снима.
– Дали блеска – прашала пејачката.
– Ау, блеска како Лас Вегас. Од кого го доби, аха, тука е овој господин. Па, ајде да наздравиме, бидејќи ја закажавме свадбата. Сè уште нема да го откриеме датумот, на здравје – одговорил тој.

Инаку, Мухамед е родум од Бјелина, а живеел во Германија и Белгија, додека сега живее и работи во Америка.
Иако нивната врска беше откриена на почетокот на годината, пејачката дури неодамна го потврди тоа. Таа се огласи на социјалните мрежи и изјави колку е среќна.
– Дали некогаш сте застанале и сте помислиле: „Леле, за ова се молев, а сега е тука и ми се случува“ – навела Тања на Инстаграм, која сè уште официјално не се развела од сопругот Душан Јованчевиќ.

Мухамед ја запроси Савиќ на романтична вечера во Египет, а парот планира да се венча по разводот на Тања со Душан Јованчевиќ и заедно да се преселат во Америка, објавија локалните медиуми.
Тања во бракот со Душан доби две деца.