После 15 години пауза Врчак официјално се врати на музичката сцена: Излезе новата песна со ДНК „Посреќна”

Сите со нетрпение го очекуваа официјалното враќање на Врчак на македонската музичка сцена кое беше најавено уште пред неколку месеци, а вчера конечно им се исполни желбата на многумина. После цели 15 години јавноста може да ја слушне прекрасната музичка спојка, Врчак и ДНК со песната „Посреќна”.

Иако песната ја објавија вчера, таа се наоѓа на музичката трендинг листа и повеќе од очигледно е дека публиката го доби тоа што го посакуваше, песна која ќе ги врати во минатото и пробуди многу емоции.

„Наскоро ќе излезат две преубави песни (една со Антониа и една со Барбара), а потоа една со Ламбе, па уште една со Андреј и Панчо која, а ќе има и други нови. Па ќе правиме промо на америчкиот албумот во Америка кој е за низ цел свет (врв е велат самите американци и заслужува да е number 1 на сите топ листи) а и на научните откритија – да се дојде до внимание низ цел свет против робствата на планетата и да се делува во намалување на глобалното затоплување, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без робства на планетата Земја :)))))))”- објави врчак на неговиот Фејсбук профил.

Kога ќе ги слушнеме новите проекти на Врчак се уште не знаеме, но до тогаш може да уживаме слушајќи ја „Посреќна”.

Коментари

Популарно