„Новак Ѓоковиќ мора да биде суспендиран, правилото е прекршено!“

Поранешниот француски велосипедист, Марк Мадио, смета дека Новак Ѓоковиќ, мора да биде суспендиран, затоа што одбил комплетно тестирање на допинг контрола при Дејвис куп настапите.

Новак Ѓоковиќ пред средбата против Камерон Нори, беше избран да биде тестиран и поради тоа реагираше остро кон одговорните лица за тоа, сметајки дека тоа можело да почека по мечот, за да не му ја рушат рутината пред секој натпревар.

– Секогаш сум бил поддржувач на допинг контроли, но не пред натпреварот. Што ќе променеше тоа? Ништо..“, порача Ѓоковиќ.

На тоа велосипедистот Мадио, реагираше со свој став:

– Новак одби да биде тестиран пред натпревар, ако антидопинг телото си ја работеше својата работа, господинот Ѓоковиќ требаше да биде суспендиран. Во велосипедизмот, ако одбиете тест, а тестот потоа е позитивен, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило“, порача Мадио за РМЦ радиото.

Коментари

Популарно