Мајката продала стан и тие пари биле мотив за изнудата, таткото му кажал убиецот кога девојчето ќе излезе само

„Според сознaнијата, од страна на мајката имало продаден стан, и дека средстата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече Гаврил Бубевски во врска со случајот со убиствата на Вања и на Панче.

Бубевски кажа дека девојчето било грабнато во влезот на зградата.

„Таткото учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат да се изврши тоа кривично дело. Таткото имал одредена комуникација со лицето кое не е тука, и дека двајцата од тројцата осомничени кога го прашале тоа лице, кажало дека тие сознанија ги имал од таткото на девојчето“, вели Бубевски.

Коментари

Популарно