Адвокатот на Палевски за Телма: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед, не знаев ништо за убиствата

Го однел Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.

- Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за  оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, вели адвокатот Стојков.

Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие.Рече дека се кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.

Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после се чувствувал злоупотребено.

- Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рече Стојков во телефоснкиот разговор за Телма 

Коментари

Популарно