(Фото) Се породи нивната ќерка, името на бебето чудно за овие простори – Силви и Влатко станаа баба и дедо

Музичко – брачната двојка Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ или попознати како „Силви бенд“ станаа баба и дедо.

Откако плодот на нивната љубов, нивната единица, ќерката Деа која тргна по нивните музички стапки стана мајка и ги направи горди на неа и новороденото внуче.

Деа неодамна од нејзиното патување во Индија, на социјалните мрежи објави фотографија од трудничкиот стомак на која веќе нараснатото меше го покажа во преден план.

Деа е прилично активна на социјалните мрежи, па иако живее во Амстердам , таа споделува моменти од незините активности, за разлика од родителите кои новто време во ваквиот тип на комуникации веројатно многу не ги занима и им создава само компликации.

Дури сега, три месеци подоцна на кратките приказни на Инстаграм започнаа честитките за радосната вест.

Додека кај новите баба и дедо – Силви и Влатко, засега нема јавна објава за убавите моменти од приватноста и прекрасната вест.

Инаку, Деа е музички едуцирана, со завршено основно и средно музичко на ударни инструменти и студиски престој во Холандија.

А освен ова, таа пушта музика како диџејка, но и работи и како јога инструктор.

Честитки и нека е жива и здрава приновата во едно од нашите најмузички семејства!

Коментари

Популарно