Некои хороскопски знаци повеќе сакаат да бидат сами, за разлика од останатите и тоа на некој начин се покажува.
Постојат луѓе кои попрво би останале дома отколку да одат во ноќен клуб или бар.
Овие хороскопски знаци најмногу го ценат домашниот мир:
Бик
Биковите се тврдоглави и мрзливи, но добро ги разбираат напорите што тие и сите околу нив ги прават. Тие претпочитаат да готват дома, да пробуваат нови рецепти.
Рак
Ракот е посветен на семејството и блиските луѓе. Тие бараат удобност и ги претпочитаат своите четири ѕида со многу време за себе за да одморат и гледаат филмови, или пак да прочитаат добра книга.
Девица
Девицата е променлив, земјен знак кој го гледа телото како храм, а времето како валута. Како такви, многу од нив имаат тенденција да бидат крајно внимателни за тоа како се однесуваат кон самите себе и на што трошат пари. Тие секогаш попрво би одбрале тивка ноќ дома, отколку вечери во скапи ресторани.