Животот не е филм кога двајца луѓе ќе се вљубат и по само еден месец ја планираат својата венчавка.
Во реалноста, потребни се реални знаци за некој со кој треба да стапите во брак. Ова се петте знаци за тоа.
Можете лесно да се смирите после кавга
Честите кавги и конфликти не се добар знак, но доколку влегувате во конфликт по кој лесно можете да се вратите назад без да држите бес во себе, тоа е знак дека вашата врска е во „добра форма“. Доколку вие или вашиот партнер можете да останете отворени и присутни во моментот без да се исклучите, тоа е одличен начин за справување со тешките времиња во врската.
Се смеете еден со друг
Како што велат, смеата е најдобар лек. И според некои истражувања, ова е многу добар знак за успехот во врската. Смеењето е знак дека двете личности можат да бидат ранливи една кон друга. Доколку можете да правите шеги на своја сметка или на сметка на сопствената врска, тоа покажува ранливост, но и доверба во врската.
Се чувствувате сигурно еден покрај друг
Дефититивно треба да се чувствувате добро и сигурно покрај друг, особено доколку планирате вашата врска да успее на долг рок. Кога одредена личност се чувствува пријатно покрај својот партнер, таа се чувствува безбесно и почитувато, истакнува Џанел Алекс, д-р и совентик за врски. И на ваков начин, двата партнери си покажуваат дека се тука еден за друг во секое време, во убави и тешки времиња.
Вашите животни цели се усогласени
Доколку сакате да стапите во брак со одредена личност, можеби не е најдобрио знак доколку таа личност сака различни работи од вас. Често двата партнери имаат различна визија, различни карактери, но за да функционираат врските на долг рок, многу важно е да постојат сличности во нивните цели и потреби за во иднина.