Три хороскопски знаци ќе имаат впечаток дека животот им се превртел наопаку и тоа чувство ќе ги држи до 19 февруари.
Односите нема да им бидат како што треба, ќе имаат премногу работа и нема да имаат енергија. Но, не очајувајте, астролозите сметаат дека ова е само мал лош период којшто ќе го надминете.
Вага
Ваги, вие ќе имате многу работа. Ќе ве задолжат за нешто што сметате дека не е ваша обврска, а тоа нема да ви одговара. Не се обесхрабрувајте и искористете го ова како лекција и можност за подобрување. Работа секогаш ќе има, а моментите во кои блескаме се можност некој да нè забележи и награди. По овој период, очекувајте подобрување.
Стрелец
Ќе имате чувство дека вашите реакции се претерани и нема да можете да најдете заеднички јазик со никого. Ќе имате големи потешкотии во комуникацијата со луѓето, па затоа ќе биде најдобро трипати да ги премислите работите пред да ги кажете. Добра вежба за вас ќе биде да испраќате пораки на луѓето наместо да разговарате со нив – подобро ќе можете да размислите што сакате да им кажете. По 19 февруари, вашиот шарм, харизма и комуникациски вештини повторно ќе доминираат.
Водолија
Ѕвездите ви предвидуваат пад на енергијата. Секако, не е сè така црно, астролозите најавуваат период во кој ќе се преиспитате што навистина ви недостасува. До 19 февруари, ќе се чувствувате како да сакате да си излезете од кожа ако не работите активно да откриете што навистина ве мачи. Понекогаш маскираме проблем кој не сакаме да си го признаеме со создавање на уште два проблема кои полесно се решаваат. Не дозволувајте тој импулс да ве повлече надолу.