За Леонид Индов: ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара“, досега добија понуда од 80.000 денари!

Пред два дена се одржа 27-то изданиe на „Златна Бубамара“, а помеѓу наградените беше и познатиот музички бренд „ДНК“ за нивната соработка со Раде Врчаковски - Врчак.

Тие ја добија наградата за „Песна на годината“, односно за нивната нумера „Посреќна“, која навистина е еден од најголемите хитови последниве неколку месеци.

На сцената покрај Панчо и Андреј, за првпат по неколкугодишна медиумска апстиненција се појави и Врчак, кој предизвика овации кај публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Но, она што го направија „ДНК“ по завршувањето на оваа манифестација, е за почит и огромен аплауз.

Имено, тие решија нивната награда, односно статуетка, да ја стават на лицитација за хумани цели. Собраните средства од истата, момците од „ДНК“ и Врчак ќе ги наменат за лекување на Леонид Индов - Лео.

Инаку, моментално за статуетката се понудени 80.000 денари, но со оглед на тоа дека лицитацијата трае до понеделник, сигурни сме дека ќе има и повисоки понуди.

Истото момците го направија и минатата година. И тогаш нивната статуетка ја ставија на лицитација и собраните средства ги донираа во хуманитарни цели.

Коментари

Популарно