Македонскиот водител Миро Кацаров вчерa гостуваше во „No Limit“ кај Лазаров и Зоки Фаци, каде се разговараше за многу теми од приватниот живот и кариерата на водителот. Воедно, Миро се пожали дека македонските портали ја извртиле неговата изјава во емисијата „Нешто Конкретно со Снеже Велков“, се со цел да добијат на читаност.

Поради ова на објавите на Фејсбук имало многу негативни и погрдни коментари на сметка на водителот на G Carpet.
Овој момент може да го погледнете на следниот линк на 54:03:
А дали навистина му беа испревртени зборовите, погледнете во емисијата „Нешто Конкретно“ во која гостуваше Миро Кацаров. Контроверзната изјава на Миро Кацаров може да ја чуете на 24:02 од следниот линк.