Големо полициско присуство во Струмичко. Според информаците нa Press24, уапсено се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.

По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.
Според информациите, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија но и пошироко во регионот.