Љубовта, сексот, но и проблемите во врските во поткастот од машки и женски аспект во поткастот “Искрено” со Ивана и Адријана

Нов поткаст за сите оние кои се прашуваат колку се комплицирани машко-женските односи.

Искрено со Ивана и Адријана на zase.mk зборуваат за врските, раскинувањата, љубовта, за животот и сите оние моменти што ни се случуваат секојдневно и понекогаш не прават среќни, збунети или се помеѓу.

Доколку некогаш се прашувавте што сакаат жените или како се чувствуваат. Ивана и Адријана одговараат искрено од своето искуство и видување.

Многу интересни гости ги споделуваат своите ставови и мислења и личното искуство заедно со девојките во студиото.

Адријана Ацевска Кеш е наша позната музичка ѕвезда и новата улога дефинитивно ќе ја доближи повеќе до публиката и ќе можат да ја видат Адријана во едно поинакво светло.

Ивана Наскова како стенд ап комичар и писател со сигурност ќе има многу што да каже и низ свое видување и да ја насмее публиката.

Ваков подкаст дефинитивно ни недостасуваше во Македонија, додека секаде во светот во многу подкасти теми се врските и пронаоѓањето љубов, кај нас ова е прв подкаст од ваков тип што уште еднаш прави со нетрпение да очекуваме да слушнеме што имаат да кажат Адријана и Ивана, но и нивните гости. 

Првата тема на која разговараат е “Дали мажите се поголеми спонзоруши од жените?”

Коментари

Популарно