Оваа боја на облека ја зголемува сексaпилноста на жените и мажите

Истражувањата покажаа дека црвената облека ја поттикнува сексaпилноста на жените и мажите.

Двата пола биле оценети околу 20 отсто попривлечно од потенцијалните партнери кога биле облечени во оваа боја.

Истражувачите во Кина побарале од 160 студенти да ја оценат привлечноста на припадниците на спротивниот пол. Оние кои носеле црвено имаа повеќе поени од оние облечените во бело.

Пишувајќи во списанието Acta Psychologica, д-р Ксијаобин Хонг рече: „И мажите и жените ги најдоа припадниците на спротивниот пол кои носат црвено попривлечни од оние кои носат бело“.

Овие наоди го поддржуваат мислењето дека во текот на еволуцијата, црвената боја означува плодност и зголемена можност за репродуктивен успех.

Врската црвено-привлечност може да произлезе од наследна психолошка адаптација. Ова е во прилог на претходните студии кои исто така открија дека бојата ја подобрува сексипилноста и доведе до теоријата за „ефектот на црвен фустан“.

Во меѓувреме, во спортот, бизнисот и политиката, црвената боја може да се смета за заканувачка, конкурентна или моќна.

Доктор Хонг рече дека бојата има различни значења во различни земји, но студиите ја поврзуваат со привлечноста ширум светот.

Коментари

Популарно