Грчката амбасадорка демонстративно ја напушти инаугурацијата на Сиљановска Давкова

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата шефица на државата, Гордана Силјановска Давкова не го употреби уставното име „Северна Македонија“ додека ја даваше свечената заклетва пред државниот врв.

Револтирана што наместо „Северна“ Силјановска Давкова на двапати употреби само „Македонија“. Таа не ја проследи до крај свечената собраниска седница за да го слушне говорот на Силјановска Давкова кој таа го посвети на жените и за кои кажа дека сака да ги инспирира.

Жестока реакција за некористењето на уставното име имаше и пратеникот Арбр Адеми кој на прес-конференција по свечената седница кажа дека претседателката на државата го згазила Уставот.

Коментари

Популарно