Македонија со пресврт до ново Светско првенство!

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир.

Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот. 

Коментари

Популарно