Доколку верувате дека здравјето влегува низ уста и се трудите да конзумирате нутритивно богати намирници тогаш оваа идеја ќе ви биде добредојдена.
Дрвениот грчки рецепт за здрав десерт се состои од само две состојки кои имаат навистина благотворно дејство врз организмот. Смесата од мед и таан ќе ви го заслади денот, а на организмот ќе му донесе низа бенефити.
Оваа моќна мешавина која се споменува уште во Хомеровата „Илијада“ со редовно конзумирање ќе ви даде енергија, подобра циркулација, регулирање на маснотиите во крвта, намалување на симптомите на умор и анкциозност, ги обновува клетките.
Се прави од 300 грама мед и 300 грама сусамов таан. Во оваа смеса може да додадете сецкани или мелени јаткасти плодови. Чувајте ја смесата во стаклен сад во фрижидер, а според нутриционистите секојдневно препорачаната доза е една до две лажици кои инстантно ќе ви дадат енергија.
Во овој едноставен еликсир се наоѓааат дури 182 различни елементи кои го креваат организмот, пред се железо, цинк, калциум, бакар, влакна, бројни витамини.