Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Имено, на 13.04.2024, при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од село Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда, информираа од МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција.