Медицинско училиште ја откажа матурската прослава поради прераната смрт на соученичката Катарина

Матурантите од Медицинското ичилиште во Дубровник денеска не ја слават матурската прослава поради жалост кон нивната соученичка Катарина Џерек која го загуби животот во сообраќајна несреќа. Тие со тага се сеќаваат на нивната колешка Катарина Џерек, која загина во сообраќајна несреќа во април, заедно со нејзиниот брат Стјепан.

„Тоа беше одлука на самите матуранти. Тие решија да не слават во училишниот двор, повеќето отидоа дома да ја напишат завршната работа, а некои подоцна ќе се приклучат на прославата со средношколците. Сепак, нема да има прослава околу нашето училиште. Јас, како класен раководител, но и директорот и останатите од училиштето ја почитуваат нивната одлука“.

Катарина загина во тешка сообраќајна несреќа

Да потсетиме, Катарина и нејзиниот брат Стјепан загинаа во тешка сообраќајна несреќа во април на државниот пат Д-8 во Ратац кај Дубровник. Сообраќајната несреќа ја предизвикал возач кој непрописно престигнувал. Општина Градац, од каде што беа Катарина и Стјепан, прогласи тридневна жалост по нивната смрт.

Од училиштето потоа се простија од Катарина со трогателна порака во која порачаа дека таа ќе живее вечно во нивните срца.

До несреќата дошло кога Албанката Клевиша Имери (29) непрописно го престигнала возилото пред себе и директно се судрила со автомобилот во кој биле братот и сестрата. Според неофицијални информации таа со својот џип БМВ возела околу 170 км/ч, објави 24 сата.

Коментари

Популарно