Мајка си го избодела своето шестгодишно дете

Хорор се одвивал во околината на Ниш кога мајка на три деца со нож во грбот го избодела едно од децата.

Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува Блиц.

Во стравичното насилство, 20-годишна мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја исекла својата 6-годишна ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство.

Коментари

Популарно