Косел трева со косилка, па го удрило струја – починал на лице место среде дворот!

На 25.05.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

По насоки на јавен обвинител била извршена обдукција која ја потврдила причината за смртта, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Коментари

Популарно