Двојно убиство доцна вечерва ја потресе Македонија

Двојно убиство се случи вечерва во еден град од источниот дел од државата, дознава 24инфо.мк.

Жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор, таткото на нејзиниот сопруг.

Како што дознаваме, причина за двојното убиство била семејна кавга.

Жената е приведена во полициска станица, а наскоро се очекуваат повеќе информации од МВР.

Коментари

Популарно