Скопјанка со електричен тротинет се судри со мотоцикл, тешко е повредена

Двајца скопјани се повредени при сообраќајка меѓу мотоцикл и електричен тротинет.

- На 17.06.2024 во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т.  се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, информираа од полицијата.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно