Научниците сакаа да откријат како медот влијае на нивото на шеќер во крвта и колку мед е доволно

Истражувањето покажало како медот влијае на шеќерот и холестеролот во крвта, а научниците истакнале дека се изненадени од резултатите.

Го нарекуваат течно злато. Извонредните својства на медот се користат во медицината уште од античко време, а тоа е и една од главните причини зошто е спроведено истражувањето. Научниците сакаа да откријат како медот влијае на нивото на шеќер во крвта и колку мед е доволно. Резултатите се објавени во научното списание Nutrition Reviews, а според експертите, тие се прилично изненадувачки.

Во истражувањето кое траело два месеци учествувале 1.110 луѓе. Сите земале по две лажички мед на ден, а резултатите покажале дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта, како и позитивно да влијае на здравјето на срцето. Покрај тоа, беше забележано дека суровиот мед дава повеќе придобивки, додека преработениот мед не е толку ефикасен.

„Овие резултати се изненадувачки, имајќи предвид дека медот е приближно 80 проценти шеќер. Меѓутоа, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето. Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето Содржи флавоноиди кои имаат способност да спречат згрутчување на крвта, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели нутриционистката Кетрин Хервасио за Nutrition Reviews.

Експертите заклучиле дека една до две лажици суров мед дневно е доволна количина која може да обезбеди хранливи материи. Покрај антиоксидансите корисни за здравјето (колку медот е потемен, толку повеќе антиоксиданси кои се борат против слободните радикали) и бактерицидните материи, пчелниот производ содржи и калиум, фосфор, магнезиум, калциум, железо и фолна киселина.

Коментари

Популарно