Кијану Ривс низ Крагуевац си шетал како да не е светска фаца!

Познатата холивудска ѕвезда Кијану Ривс настапи на Арсенал фест во Крагуевац, како гитарист на бендот „Догстар“. Она што ги изненади организаторите е неговата скромност, бидејќи за разлика од другите ѕвезди од неговиот калибар, Ривс немал мегаломански желби.

- Она што беше интересно е тоа дека побара да ја проба кујната на Шумадија. Секако, бидејќи овде ништо не може без масно печење, сарми, грав со месо, се подготвуваа и тие специјалитети, но подоцна се покажа дека Кијану е веган. Сигурно, алтернатива нашол во специјалитетите на Шумадија, па не гладувал во делот на Србија кој е познат по добрата, локална традиционална храна, изјавил за РИНА еден од очевидците на целиот настан.

За разлика од некои други рок музичари, кога Кијану Ривс пристигнал во Крагуевац, побарал безалкохолно пиво и ладно саке, многу овошје и кокосова вода. Таа вода, која не е толку ретка денес, можеби е единственото нешто што тој го барал, а било малку понеобично.

Само бараше се да биде чисто, тоа им е најважно. Соба, тоалети, крпи и мраз. Имаа многу скромна рајдер-листа.

Инаку, Кијану Ривс ден претходно пристигнал во Србија и скромно и незабележително се шетал низ Крагуевац, повеќето од минувачите не го ни препознале.

Коментари

Популарно