Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на консултации во Скопје дознава Канал 5. Според извори на Канал 5 големи се шансите тој да биде отповикан од позицијата амбасадор.

Причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден, пренесе Канал 5.