25-години помлада убавица му го украде срцето на Џерард Батлер

Срцето на најпосакуваниот ерген го украде 25 години помлада убавица и му врати насмевка на лицето

Како што пренесуваат светските медиуми, холивудскиот актер Џерард Батлер е повторно среќен и заљубен, а 25 години помладата Пени Лејн ја вратила насмевката на неговото лице.

Педесет и четиргодишниот шкотски актер падна на шармот на 25 години помлада манекенка, ѕвезда на Sports Illustrated, а тие беа видени како романтична прошетка на ридот Primrose.

Фотографиите што ги сподели британски The Sun ја прикажуваат насмеаната двојка како оди по улица, а подоцна се видени како разговараат и се смеат во еден локален паб. Пени во еден момент ја ставила раката на рамото на Батлер, а потоа почнале да се смеат.

Инаку, на почетокот на годинава Пени беше најавена како ново заштитно лице на Sports Illustrated за 2024 година, а нејзиниот профил на Инстаграм изобилува со секси фотографии.

Пени се прослави работејќи за луксузни брендови како што се Dolce & Gabbana, Armani, Balmain, SKIMS, Burberry и Intimissimi, а глумеше и во музичкото видео на Дрејк „Falling Back“ од 2022 година.

Коментари

Популарно