Скопјанец со „кавасаки“ излета од пат на „Стража“, тешко е повреден

43-годишен скоппјанец со „кавасаки“ е тешко повреден откако излетал од патот кај „Стража“.

- На 07.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

Коментари

Популарно