Внукот со остар предмет ја нападнал сопствената баба на која ѝ барал пари и накит.

- На 16.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип, 61-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01.00 часот во семејната куќа во Штип, по претходна расправија, нејзиниот внук А.Ј.(23) од Штип агресивно се однесувал кон неа и со закана со остар предмет ѝ барал пари и накит, информираа денеска од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.