За четири години во Бутел ќе се асфалтираат улици како за 15 години наназад

Оваа динамика на асфалтирање не е видена досега, за еден мандат од четири години ќе асфалтираме како за 15 години наназад, вели првиот човек на општина Бутел Дарко Костовски за градежната офанзива во оваа скопска општина.

По неколку деценции целосно ќе се реконструираат неколку големи и клучни сообраќајници и тоа: Натанаил Кучевишки, Хо ши мин.

1558, Киро Димушков, Симче Настевски, Главна улица Љубански Пат, ул. 30, Марко Крале, Бетовенова, Ул. 1, Визбегово (пристапна до училиште).

- Уште неколку големи клучни сообраќајници кои во моментов се проектираат наскоро ќе бидат реконструирани како и голем број помали улици, вети Костовски. 

 

Коментари

Популарно