Калиопи одржа концерт во Хераклеа

Македонската поп-дива Калиопи по девет години пауза синоќа одржа концерт во битолска Хераклеа. А античкиот театар беше речиси целосно исполнет со публика која освен од Битола и околината, дојде и од Скопје, Куманово, Штип и сите краеви на Македонија.

„Вечер сите сме битолчани! Само ќе Ве замолам отворете си ги срцата и дозволете ми да влезам малку таму и така ќе ги наполниме моето односно нашите срца и ќе си одиме сите среќни дома.“ – порача Калиопи на почетокот.

Потоа два часа Калиопи ги изведуваше бројните стари хитови но и песните од новиот албум. Покрај „1000 божји цветови“, „Вучица“, „Не заборавај“, „Дона“, „Кофер љубави“, „Не ми го земај времето“ од постарите, кај публиката одличен прием имаа и новите песни „Дај комад душе“, „Казна“, „Погледај ме сад“, „Во земјата на чудата“, „Зашто“ и дуетската „Знам“.

Изненадување за публиката беше изведбата на „Главо луда“ од Чолиќ и „Македонија“ од Дадо Топиќ. А за сам крај таа ги остави култната „Бато“ и евровизискиот хит „Црно и бело“.

Коментари

Популарно