(Видео) На диво се асфалтира улица на Водно, никој не знае кој ги изведува работите

На диво се асвалтира улица на падините на Водно пренесува „Република“. 

Тоа е онаа уличка која води до стазите за рекреација на Водно. Она што можеше да се примети во изминатиов период е дека на дел од улицата беше нанесен свеж тампон, а од пред некој и свежо беше асфалтирана.

Гледајќи го начинот на кој е поставен асфалтот голема е веројатноста некој своеволно да го прави ова.

„Утрово кога се качив на Водно забележав дека некој започнал со работа на овој дел. На враќање начекав мајстори кои асфалтираа и ги прашав по чиј налог работат, но ми рекоа дека тие само го работат она за кое им е платено. Табла нема никаде, ниту изведувач, ниту“ вели минувач за „Република“

Сомнежите на дел од жителите на тој дел од градот е дека некој ова намерно го прави се со цел полесно изведување на градежни работи.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Коментари

Популарно