Со штака ја тепал сопругата на брат му, судот пресудил условна казна

Овој настан ни доаѓа од селото стар Балиндол, Гостиварско. Како што пишува во судската пресуда обвинетото лице влеголо во спалната соба на Ѓ. Ј. каде бил сведок на расправија помеѓу неа и нејзиниот сопруг кој воедно е брат на обвинетиот.

Во еден момент обвинетото и сега осудено лице најпрвин ја турнал оштетената и со штака во присуство на брат му почнал да ја удира во пределот на главата и телото и притоа физички ја повредил и и нанел повреди на двете раце.

Јавното обвинителство во овој случај веднаш предложило делото да помине само со парична казна и на обвинетиот А.Ј. да му се пресуди за кривично дело Телесна повреда од чл. 130 ст.2 од КЗ.

Судот во случајов веднаш го прифаќа случајот на Јавното обвинителство и го осудува А.Ј. на условна казна. Објаснувањето и овде е дека ваквата пресуда ќе влијае и врз други лица да не вршат кривични дела.

„Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител за издавање казнен налог и донесе пресуда со која пресуда на обвинетиот му се изрече кривична санкција - Условна осуда, со тоа што му се утврди казна затвор во траење од ... (... ) месеци која казна нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од ... година од правосилноста на оваа пресуда не стори ново кривично дело. Судот смета дека со оваа кривична санкција ќе бидат постигнатицелите на казнувањето од чл.32 од КЗ и дека  спрема обвинетиот како спрема кривично одговорен сторител е нужно да се изрече казна заради кривично правна заштита и дека предупредувањето со закана на казна доволно ќе влијае врз него во иднина да не врши кривични дела, а исто така и од аспект на генералната“ се вели во пресудата на судот.

Коментари

Популарно