Доктор Лазаров сведочи: На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете

Доктор Ненад Лазаров кој е еден од основачите на ECrowd.mk - македонска платформа за донации и поддршка за лекување на деца сведочи како имало злоупотреби во случаите во кои се собираат пари за лекување.

- Гледам како родители заработуваат на своите болни деца. На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари "за не дај Боже" Зарем не плаши карма бе луѓе? - праша тој на својот фејсбук профил. 

- Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме.Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе! - додава тој. 

Доктор Лазаров апелира повторно, да не се донира на лични сметки ниту денар, бидејќи како што вели сега веќе нема потреба никаква од тоа!

Коментари

Популарно